11 – ти Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово

61

mavrovoОвој викенд, од 15 до 17 февруари, на падините на Бистра, во ски – центарот Жаре Лазаревски ќе се одржи 11-тиот по ред хуманитарен велеслалом. Натпреварите ќе бидат одржани на патеката на Галичкиот ски лифт и тоа во екипна категорија, во женска, машка до 40 години и категории за најмладите и за ветераните.

Квалификациите започнуваат во сабота, во 10.00 часот, а учество ќе земат и членовите на CEED клубот, Лидија Нануш (Deloitte Македонија), Горан Дамјановски (Стримформ) и Гоце Новачевски (CEED Македонија).

Средствата за котизација на манифестацијата оваа година се наменети за поддршка и развој на СОС Детското село. Главен спонзор на хуманитарниот велеслалом е Шпаркасе Банка.