116 вонредни надзори на угостителски објекти – на 10 субјекти се изречени привремени забрани, на 15 им се одземени лиценци, 6 немаат активна лиценца, а 59 добиле прекршочни налози

Изминативе денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, информира портпаролката на Владата Марија Митева.

Преземени се повеќе чекори, а во бројки тоа е изразено вака:

– Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти (кафичи/клубови) по закон за угостителска дејност. (ова се однесува во делот на прекрошна санкција)

– Утврдено е дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимални технички услови и кај нив ќе бидат изречени две мерки: решение за забрана на вршење на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценца.

– Кај 6 правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана на вршење на дејност.

– Издадени се 59 прекршочни платни налози во износ од 522.690,00 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност (тие други основи се однесуваат на непочитување на нормативи заверени кај грагоначалник, одобренија за тераси, не истакнат број на ДПИ итн. )

Во однос на идните чекори кои ќе се преземаат Митева ја информира јавноста дека во координација со МВР овие денови започнуваат инспекциски надзори во објекти за организирање на прослави и настани со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови и категоризација на ресторани, како и за другите одредби од Законот за угостителска дејност.

Фото: Pixabay