155 милиони евра за спас на Montenegro Airlines

25

Владата на Црна Гора предложи закон со којшто се предвидува вложување на 155 милиони евра во националната авиокомпанија Montenegro Airlines.

Со предлог законот за инвестирање во консолидација и развој на националната авиокомпанија се предвидува нејзина докапитализација во наредните шест години за покривање на долгови и нови инвестиции.

Владата го испрати законот во парламентарна процедура по скратена постапка, за да се гласа за него до крајот на годината.

Во сумата се вклучени и 50 милиони евра за набавка на нови авиони.

Фото: Pexels