19.060 тутунари од утре на своите сметки ќе ги добиваат дополнителните пари за откупениот тутун

27
Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат ја започна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 и на сметките на производителите на тутун веќе од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини.

Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари.