Nestle: Кофеинска вода за повеќе енергија и хидратација

74

Бидејќи забавува растот на продажбата на флаширана вода, компанијата Nestle воведува нов производ што би требало да ја врати старата слава на овој производ.

“Купувачите велат дека имаат потреба од енергија, од нешто посилно и бараат помош за хидратација, но понекогаш само вода не е доволно. Потребна им е енергија во утринските или попладневните часови за да продолжат со своите активности, така што тука може да стапи на сила кофеинот“, вели Јуми Клевегер Ли, маркетинг директор за Nestle Waters за Северна Америка, пренесува CNBC.

Инаку, новата кофеинска вода со различни овошни вкусови, ќе се најде на американскиот пазар веднаш по Нова Година.

Овој напиток има две карактеристики: кога се пие, делува како енергетски пијалак, а во исто време го хидрира организмот поради високата количина на вода.

Фото: Pexels