
Фото: Pixabay
Една од најважните задачи што треба да ги совладат претприемачите е да научат како да менаџираат со сопственото време. Доколку научите како ефективно и ефикасно да управувате со вашите 24 часа во денот, лесно ќе го постигнете и балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Споделуваме 20 совети што ќе ви помогнат во однос на менаџирање на вашето претприемничко време:
- Секогаш имај и одржувај свежа to-do листа.
- Постави лични и бизнис цели.
- Направи листа на приоритет на сите активности.
- Категоризирај ги активностите согласно важноста и ургентноста.
- Не одложувај.
- Имплементирај систем за менаџирање на одвлекување на вниманието.
- Биди реалистичен во однос на твоите способности и можности.
- Прави паузи.
- Користи тајмер или аларм што ќе те потсети да запреш со работата за денес.
- Избегнувај да правиш повеќе работи наеднаш.
- Ветувај го само она што можеш да го исполниш за семејството и за клиентите.
- Подели го денот врз основа на рутински задачи и оние вистински проекти коишто носат пари за твојот бизнис.
- Биди сигурен дека рутинските задачи се последни на листата за завршување.
- Делегирај сè што може да биде делегирано.
- Користи аутсорсинг за дел од активностите.
- Често оценувај го трошењето на твоето време.
- Елиминирај сè што ти го троши залудно времето.
- Имплементирај рутини секаде каде што е возможно.
- Не обидувај се да бидеш перфекционист.
- Награди се себеси.