200 милиони евра од ЕУ за развој на Јужен Кавказ

Европската Унија ќе обезбеди до 200 милиони евра грантови за подобрување на транспортот, енергетиката и дигиталното поврзување во регионот на Јужен Кавказ, изјави  претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Баку.

Фон дер Лајен, која се сретна со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, заедно со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, рече дека иницијативата е дизајнирана да го поддржи мирот меѓу Азербејџан и Ерменија преку зајакнување на регионалната поврзаност и обезбедување насочена помош за локалните заедници, објави Ројтерс.

„Нашиот „Пакет за мир преку поврзување“ ќе помогне во изградбата на мирна и просперитетна иднина за Јужен Кавказ“, рече фон дер Лајен.