2015 ќе биде година на видео маркетинг

35

video marketing

Покажете, не зборувајте. Наједноставната и најмоќната работа што мора да ја научите во маркетингот, велат експертите најавувајќи ги трендовите за 2015 година, пишува Пословни дневник.

Акцентот треба да се стави на содржината на приказната, а видеото е идеален формат за брзо привлекување на вниманието на веќе зафатената публика. Виралните содржини овозможуваат брзо пренесување на пораката во краток формат што лесно останува запаметен. Треба да се користат содржини кои ја забавуваат, инспирираат и едуцираат публиката, односно потенцијалните купувачи.

Во годината пред нас, видео содржината ќе стане составен и најпосакуван дел од маркетингот. Новите маркетиншки технологии овозможуваат следење на интеракцијата на онјалн публиката и мерење на успешноста на кампањата. Маркетингашите можат да добијат увид во вистинската приврзаност на публиката и во гледаноста на нивните видео записи и со тоа да го подобрат својот пристаи и да привлечат нова публика.