Хрватска: Дрон успешно достави пратка

63

Хрватска пошта успешно ја извршила првата достава со помош на дрон. Дронот со брзина од 35 километри на час, во воздух се задржал околу 12 минути, пишува Privredni.hr.

Беспилотното летало, што е дел од пилот проект, може да пренесе товар до 200 грама, а лета целосно автономно и по однапред утврдена маршрута.

Тестирањето има за цел да ги покаже можностите на дроновите за достава на пратки.

Дроновите веќе ја докажаа својата ефикасност во кризни ситуации и на тешко достапни подрачја, при достава на лекови или противотрови, а некои индустрии веќе ги користат во своето работење. Овие беспилотни летала може да се користат и при урбано планирање, географско мапирање, во археологија, градежништво, земјоделие и слично.

Фото: Pexels