Кина: Вработените да останат и да работат од дома

29

Компаниите во Кина ги советуваат своите вработени да останат да работат од дома, со цел да се забави ширењето на смртоносниот корона вирус, пишува BBC.

Компаниите, исто така, на работниците им нудат и подолг годишен одмор и им препорачуваат на оние кои доаѓаат од најзагрозените подрачја да не доаѓаат воопшто на работа.

Кинескиот ИТ гигант Tencent ги советува своите вработени да останат и да работат од дома.

Властите во Кина ги продолжи неработните денови поради новогодишните празници за три дена до една недела.

Последните податоци говорат дека најмалку 80 лица починаа во Кина од компликации предизвикани од корона вирусот, а низ светот има над 3.000 потврдени случаи.

Фото: Pexels