
Србија и Црна Гора со најфреквентни линии, а Белград – Подгорица е апсолутен лидер со над 326.000 патници.
Во 2024 година, вкупниот воздушен сообраќај меѓу и во земјите од регионот на поранешна Југославија достигна највисоко ниво од распадот на поранешната заедничка држава (СФРЈ).
Најпрометни авио линии имало на релација Србија – Црна Гора која превезла вкупно 642.927 патници.
Најпрометна авио линија беше Белград – Подгорица со учинок од 326.265 патници, што е за 4,2 отсто повеќе од претходната година, односно пет отсто повеќе од досегашната рекордна 2019 година, пишува Подгорица Вијести.
На линијата Белград – Тиват лани биле превезени вкупно 316.662 патници, што е за 1,4 отсто повеќе од 2023 година, но за 32 отсто повеќе од 2019 година.
Меѓу Србија и Црна Гора сообраќаат само националните авиокомпании – Ер Србија и Ер Монтенегро, кои благодарение на дуополот и големиот интерес на патниците можат да ги одржат цените на билетите невообичаено високи.
Третата најфреквентна линија на просторот на поранешна СФРЈ е онаа меѓу Загреб и Дубровник во Хрватска, но во однос на перформансите многу заостанува зад воздушните врски меѓу Белград и двата аеродроми во Црна Гора.
Помеѓу Загреб и Дубровник, хрватската национална авиокомпанија Кроација ерлајнс минатата година превезла 216.579 патници, што е за 6,6 отсто повеќе од претходната година.
Фото: Pixabay