Eli Lilly: Лек со две синтетички тела го намалува бројот на хоспитализации и починати од Ковид-19

39

Американската фармацевтска компанија Eli Lilly информира за позитивни резултати од лекување на коронавирусот во којшто се комбинираат две синтетички антитела и коишто го намалуваат бројот на хоспитализации и починати за 87%, покажуваат испитувањата на компанијата.

Компанијата уште на крајот на јануари информираше дека комбинација од две антитела, Bamlanivimab и etesevimab, го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 70%. дозите биле по 2,8 грама за секое антитело, а овој пат дозата на bamlanivimab била 700 милиграми, а tesevimab 1,4 грама.

Клиничките испитувања се спроведени на 769 лица постари од 12 години кои биле позитивни на коронавирусот и кои имале одредени ризик фактори поради кои биле посклони кон добивање потежок облик на болеста. Од нив 511 го примиле лекот, а 258 плацебо.

Меѓу лицата кои се лекувани со комбинација од антитела, четири биле хоспитализирани, а немало ниту еден смртен случај. Од оние со плацебо, 11 се хоспитализирани, а четири починале.

Лекот по итна постапка е одобрен во САД на почетокот на февруари за лица кои се од ризични групи, а исто така одобрен е и во Франција.

Фото: Pexels