Sony планира да достигне милијарда корисници

47

Јапонската корпорација Sony планира да го зголеми бројот на корисници на своите услуги и производи од актуелните 160 милиони на една милијарда, стои во стратегијата на компанијата објавена на нејзината официјалната интернет страница.

Во документот нема временска рамка за остварување на таа цел, но се наведува дека се работи на тоа, бидејќи Sony посебно планира да развие активности во сегментот на игри, музика и видео, како и зајакнување на мобилните и социјални услуги.

Во стратегијата се наведува дека корпорацијата во следните три години планира да издвои околу 18,3 милијарди долари за стратешки инвестиции.

За фискална година, којашто заврши на 31-ви март, компанијата очекува нето добивка од околу 9,1 милијарда долари.

Скоро една третина од приходите на Sony во претходната фискална година оствари од продажба на видео игри и забава со PlayStation.

Фото: Pexels