WhatsApp поднесе тужба против индиската влада, барајќи да се блокираат прописите кои треба да стапат на сила, а коишто, според оценките на експертите, ќе ја принудат таа социјална мрежа да ги прекршат правилата за заштита на приватноста.
Во рамки на тој случај, WhatsApp бара од Вишиот суд во Њу Делхи да прогласи едно од новите правила како кршење на правото на приватност според индискиот устав, бидејќи според тоа правила, социјалните платформи мора да го идентификуваат “првиот извор на информации“ кога властите тоа ќе го побараат, пренесува Ројтерс.
Иако со закон се бара WhatsApp, којшто е во сопственост на Facebook, да бидат откриени само луѓе кои се откриени за некакви кривични дела, од компанијата наведуваат дека тоа во пракса не можат да го спроведат.
Од WhatsApp порачуваат дека пораките имаат end-to-end енкрипција (шифрирање), што значи дека пораките може да ги прочита само испраќачот или примачот на пораката и дека WhatsApp, за да го испочитува индискиот закон, мора да ја “разбие“ енкрипцијата како за оној кој ја прима, така и за оној кој ја испраќа пораката.
WhatsApp во Индија има скоро 400 милиони корисници.
Фото: Pexels