Економијата на еврозоната ќе се нормализира следната година

13

Кризното купување на обврзници во еврозоната наскоро би требало да заврши, изјави гувернерот на германската централна банка, Јенс Вајдман, проценувајќи дека монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ) би требало да се нормализира во 2022-ра година.

ЕЦБ купува обврзници во рамки на кризната пандемиска програма во вкупна вредност од 1.850 милијарди долари за да се спречи раст на трошоците за задолжување во еврозоната и со тоа да се поттикне економијата.

На минатата седница ја потврдиле клучната каматна стапка од 0%, а каматната стапка на депозити на банките на -0,5%.

Условите за нормализација на монетарната политика би требало да бидат исполнети следната година, а тоа ќе биде возможно ако закрепнат економиите и се укинат сите мерки за сузбивање на пандемијата.

Фото: Pixabay