Мерењето на БДП по глава на жител е вообичаена мерка за економското богатство по лице. Статијата на Visual Capitalist ги подредува земјите според најновите проекции за БДП по глава на жител на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2023 година.
Во моментов, овој параметар е 13.920 долари на глобално ниво во 2023 година, што е зголемување од 13.400 долари во 2022 година и 11.160 долари во 2020 година, номинално, без инфлација.
Како што не потсетува Visual Capitalist, БДП по глава на жител е мерка за вкупниот економски аутпут (БДП) на земјата поделен со вкупното население на земјата.
Листа на 25 најбогати можете да ја погледнете ТУКА.
Луксембург, една од најмалите земји во ЕУ, има население од 634.000 жители и е најбогатата земја на ова рангирање со БДП по глава на жител од речиси 130.000 долари. Некогаш позната по производството на челик, земјата сега може да се пофали со силен сектор за финансиски услуги, кој го зазема најголемиот дел од нејзиното економско производство.
БДП по глава на жител на Луксембург е речиси 415 пати поголем од БДП по глава на жител на најсиромашната земја во светот, Бурунди, со 303 долари.
Ирска е втора најбогата земја во светот во однос на БДП по глава на жител со 107.000 долари, а потоа следи Швајцарија со речиси 94.000 долари. БДП по глава на жител на Ирска бележи значителен раст во последниве години поради нејзиното деловно опкружување, ниските стапки на корпоративни даноци и високообразованата работна сила која привлекува странски директни инвестиции.
Повеќето од најбогатите земји се во Европа (шест од 10-те најбогати нации се на Стариот континент) и Северна Америка, со БДП по глава на жител од 34.500 и 59.000 долари, соодветно. Од друга страна, повеќето од најсиромашните земји во светот се наоѓаат во Африка.