Кинескиот гигант за технологија и електронска трговија Alibaba неодамна објави план за воведување 1.000 роботи за испорака низ Кина. Овие роботи ќе имаат за цел да ја олеснат испораката, особено кога има густ сообраќај, но и поради човечки грешки и други непредвидени проблеми.
Alibaba го автоматизира процесот и ги тестира своите роботи на универзитетски кампуси и станбени комплекси, наместо да се потпира на човечки курири, пренесува Futurism.
Роботите на Аlibaba ќе можат да патуваат без одложувања, стои во блогот на компанијата. Alibaba исто така дава доста смели тврдења за тоа што ќе можат да постигнат роботите за испорака.