28-годишен милијардер го купува Forbes

87

Остин Расел, 28-годишен милијардер од автомобилската индустрија, поточно извршен директор на Luminar Technologies, наводно го презема мнозинскиот удел во Forbes Global Media Holdings, кој моментално е во сопственост на фирмата од Хонг Конг Integrated Whale Media Investments ( IWM).

Имено, за ова известија WSJ и Reuters, а потоа веста ја пренесоа бројни медиуми.

Расел е извршен директор на технолошка компанија која обезбедува технологија за автономно возење на автомобилската индустрија и има пазарна капитализација од 2,1 милијарди долари.

Според извештаите, во кои се цитирани изјави од Расел и IWM, Расел се согласил да купи 82% од акциите во Форбс, вклучувајќи ги и останатите акции кои припаѓаат на истоименото семејство, додека IWM ќе задржи малцински удел, пренесува Телеграф.рс.

Стив Форбс, претседател и главен уредник на деловната куќа, наводно планира да остане во компанијата.

Договорот се проценува на околу 800 милиони долари, а извештаите велат дека Расел планира да не учествува во покривањето на вестите и секојдневните операции на Форбс, туку наместо тоа ќе се фокусира на поттикнување на нејзиниот раст и остварување на своите филантропски интереси во бизнисот.

Тој, исто така, наводно има намера да формира нов одбор за Форбс, во кој ќе бидат вклучени експерти за технологија, медиуми и вештачка интелигенција. „Форбс е нешто на кое отсекогаш гледав како бренд и медиумска империја“, изјави Расел за WSJ.

Фото: Facebook