Момче гениј: На 25 години стана првиот милијардер што сам си го заработил богатството

101

Остин Расел е извршен директор во малку познат дел на автомобилската индустрија, водејќи старт-ап за автономни автомобили Luminar.

Kомпанијата Luminar Technologies Inc., компанија за ласерска технологија основана од Расел кога имал само 17 години, кон крајот на минатата недела објави дека за прв пат е заведена на Nasdaq.

Така, Расел стана првиот милијардер што сам си го заработил богатството, а Forbes исто така објави дека тој е еден од првите милијардери што излегол од светот на автономните возила.

“Сè уште сум релативно млад, но се вложи многу крв, пот и солзи. И јас бев среќен што можев да задржам доволно добар удел“, рече тој во видео интервју за Forbes од неговата канцеларија во Пало Алто, Калифорнија.

104,7 милиони акции на Расел, околу една третина од капиталот на Luminar, вределе 2,4 милијарди долари пред неколку дена.

Според Forbes, Расел е редок случај на момче генијалец, кој знае како да ги искористи своите таленти. Тие пишуваат дека тој ја знаел целата периодична табла на елементите напамет од две години, а во шесто одделение ја претворил својата конзола Nintendo DS во мобилен телефон, откако неговите родители му забраниле мобилен.

На 13-годишна возраст, веќе поднел барање за неговиот прв патент, подземен систем за рециклирање на вода што зафаќа вода од прскалки и заштедува во градинарството за да се намалат отпадните води. Наместо да оди во средно училиште, тој ги поминал своите тинејџерски години во ласерскиот институт Irvine’s Beckman на Универзитетот во Калифорнија.

Компанијата на Расел се фокусира конкретно на системите LiDAR (Light Detection and Ranging) кои Apple ги користи и за својот iPhone 12 Pro / Pro Max, меѓу другото за подобрени AR-игри.

Forbes забележува дека Расел е толку фокусиран на работата што не си го одвлекува вниманието како толку многу други 25-годишници – нема ниту Facebook ниту Twitter.

Фото: Facebook