3D пешачки премин што може да спаси многу животи

89

3d-painting-roadsСаумја Такар, дваесет и осумгодишна уметница од Амедабад, Индија и нејзината мајка Шакунтала Пандја создадоа генијален 3D пешачки премин којшто може да спаси илјадници животи, пишува CityLab.

Овој пешачки премин е направен на тој начин што на возачите им изгледа како блокада на патот и инстинктивно ги тера да прикочат.

Иако истите не се некоја новост во светот, за земјата е сепак иновативен дизајн. Од почетокот на 2016 година, Такар креирала три различни дизајни на различни патишта, а планирано е нејзините креативни пешачки премини да бидат исцртани и во други градови.

Индија има ниска стапка на сообраќајна култура и ова е една добра шанса тоа да се подобри и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.