3Doodler PRO – пенкало што црта скулптури во воздух

222

3doodler-pro-3d-printing-pen-design-technology_dezeen_2364_ss_0-1024x732

Технолошката компанија WobbleWorks со седиште во Бостон престави нова надградена верзија на своето пенкало 3Doodler, пишува Dezeen. Новото 3Doodler Pro пенкало може да црта во воздух користејќи композити од бакар и дрво.

Пенкалото работи на сличен метод како 3D принтерите и функционира како пиштол со топол лепак од којшто излегуваат линии во чија основа е пластика. Материјалот потоа се лади и стврднува формирајќи стабилни структури.

3Doodler Pro работи со широк спектар на материјали како поликарбонат и најлон и пластични композити од дрво, бакар и бронза. Истите содржат висок процент од вистинскиот материјал и можат да се измазнат и исполираат откако ќе излезат од пенкалото. Пенкалото има и контролори за температура и брзина со цел корисниците да знаат колку брзо се суши материјалот. Температурата е прикажана на LCD екран.

WoobleWorks досега има продадено 750.000 верзии од своите пенкала, а цената на најновиот производ изнесува 249 долари.

3doodler-pro-3d-printing-pen-design-technology_dezeen_2364_ss_2-1024x732

3doodler-pro-3d-printing-pen-design-technology_dezeen_2364_col_6

WobbleWorks unveils new pen for<br /> drawing 3D objects in the air