Volkswagen го прославува 40-тиот роденден на најуспешниот европски автомобил на сите времиња – Golf. До денес продадени се повеќе од 30 милиони возила од бестселерот. Од првиот ден, Golf, го отсликува технолошкиот напредок.
Без разлика дали е со турбо мотор, мотор со директно вбризгување, електричен или plug-in хибриден погон; или ABS, ESC, XDS или 4MOTION; aдаптивeн темпомат, систем за сопирање во итни случаи, стабилизација на приколка, систем за сопирање за заштита од повеќе кратен судир, автоматски клима уред, Dynaudio – аудио систем, екран осетлив на допир или LED светла; дали е Trendline, Comfortline, Highline, GTI, GTD или GTE – отсекогаш Golf беше автомобилот преку кој се претставуваа најважните технологии и трендови на нашето време.
Golf I. Првата серија од Golf излезе од производната лента на фабриката во Волфсбург на 29 март 1974 година. До тој ден со децении доминираше моделот Буба со мотор поставен во задниот дел и со погонот на задните тркала. Новата ера започна со попречно поставен моторот во предниот дел и погон на предни тркала.
Како наследник на легендарната Буба, од која беа произведени над 21.500.000 возила, Golf I, дизајниран од Џорџо Џуџаро и Volkswagen, мораше да ги исполни очекувањата и да ја продолжи успешната приказна на еден од најуспешните автомобили во светот. Тоа и се случи, со новата технологија економичноста и одличниот дизајн, Golf I го освои пазарот, а милионитиот Golf беше произведен во октомври 1976 година.
Golf II. Од август 1983 година, патниците не седеа толку блиску еден до друг, бидејќи просторноста и практичноста беше подобрена. За волја на вистината: кај Golf II, за прв пат беше вграден конвертор и регулатор на катализаторот (1984), анти – блокирачки систем за сопирање (ABS во 1986), серво управувач и погон на сите тркала систем кој за прв пат беше воведен во 1986 година. (syncro – тогашен назив за 4MOTION)
Golf III. Со лансирање на третата генерација Golf во август 1991 година, Volkswgen навести една нова ера кога станува збор за безбедноста на автомобилот. Golf III беше првиот автомобили со предни воздушни перничиња, почнувајќи од 1992 година, додека подобрувањата во областа на каросеријата на автомобилот резултираше со значително подобрена безбедност. Покрај тоа, тука беа и бројни други нови технолошки иновации поврзани со третата генерација на Golf. Многу нови функции дебитираа во оваа нова генерација на Golf: Шест цилиндричен мотор (VR6), темпомат и првото директно вбризгување кај дизел моторите (TDI во 1993 година). Исто така, ABS стана стандард кај сите модели на Golf во 1996 година. Во 1993 година, Volkswgen го воведе новот кабриолет врз основа на Golf III, со нов погон на сите тркала како и првата караванска изведба – Golf Variant.
Golf IV. Под раководство на Хартмут Варкус, шеф на одделот за дизајн во Volkswagen, Golf IV се појави со кристално јасен и прецизен дизајн. Во новата генерација дебитираше системот ESC во 1998 година, а автомобилот продолжил да ја усовршува безбедност. Исто така во 1998 година, Volkswagen го воведе првиот модел со погон на сите тркала и со Haldex спојка – Golf 4MOTION. Една година подоцна, ESC стана стандардна карактеристика. Следуваше моторот со директно вбризгување (FSI), а свое деби имаа и страничните воздушни перничиња. Во 2002 година, Volkswagen го претстави моделот R32, со максимална брзина од 250 km/h. Во овој врвен модел во 2003 година за прв пат беше вградена револуционерната двојна спојка (DSG).
Golf V. Во 2003 година петтата генерација на Golf го подигна нивото во поглед на удобноста и динамичноста и ги остави зад себе сите конкуренти во класата. По нарачка за прв пат кај Golf беа достапни страничните воздушни перничиња – заедно со шест стандардни воздушни перничиња. Во однос на комфорот и динамичните перформанси, Golf V поентираше во бројни области: седум степен DSG автоматски менувач, Bi-Xenon предни светла, панорамски лизгачки кров како и со првиот мотор во светот со двојно напојување (TSI во 2006), комбинација на турбо и супер полнач. Во 2006 година, Golf Plus го имаше своето деби; во 2007 година новиот Cross Golf, потоа беше претставен новиот Golf Variant и исклучително штедливиот Golf BlueMotion кој троши 4,5 л на 100 km.
Golf VI. За само четири години, до крајот на јули 2012 година, беа произведени уште 2.850.000 автомобили Golf, врз основа на шестата генерација лансирана во 2008 година. Уште еднаш беше направен голем напредок во поглед на безбедност: На EuroNCAP тестот автомобилот ги освои максималните пет ѕвезди. Во меѓувреме, новите TSI мотори и common rail системот кај турбо дизел моторите (TDI) придонеса за поголема динамика и помала потрошувачка. Кога станува збор за малата потрошувачка сите рекорди ги сруши втората генерација на Golf BlueMotion кој имаше комбинирана потрошувачка од само 3,8 l/100 km, што е еквивалентно на 99 g/km CO2. Новитети беа и системот за автоматско регулирање на долгите светла, Park Assist – системот за помош при паркирање итн. Сите тие нови технолошки иновации ја направија шестата генерација на Golf најнапредна до тогаш.
Golf VII. Во септември 2012 година, Volkswagen ја прослави светската премиера на седмата генерација на Golf. Тежината на новиот Golf беше намалена за дури 100 kg. Потрошувачката на горивото се намали за максимални 23%, во зависност од изборот на моторот. Новиот Golf TDI BlueMotion троши само 3,2 l на 100 km што е еквивалентно на 85 g на CO2/km што е под стандардите пропишани од NEDC. Покрај тоа, Volkswagen го опреми Golf со цела армија на нови системи за помош на возачот – некои системи како опција, а други како стандард. Оваа 2014 година, Volkswagen го претстави електричниот погон кај компактната класа – e- Golf со опсег од околу 190 километри. Овој модел веќе може да се нарача. Како дополнување, новиот Golf GTE3 ќе биде лансиран оваа есен. Plug-in хибридниот погонски систем троши само 1,5 л. на 100 km. Само со електричен погон, Golf GTE може да помине 50 километри.
Golf е најуспешниот модел на Volkswagen. Летото 2013 година беше произведен 3 милионитиот Golf овој пат врз основа на седмата генерација.
1. Golf TDI BlueMotion: потрошувачка на гориво во литри на 100 km: 3,5 (градска) / 3,0 (на отворено) / 3,2 (комбинирано), емисија на CO2 g/km: 85 (комбинирано), класа ефикасност: А+
2. е- Golf потрошувачка на енергија во kWh/100 km: 12,7 (комбинирано); Емисија на CO2 во g/km: 0; класа ефикасност: A+
3. Golf GTE: Потрошувачка на гориво (комбинирана) 1,5 л на 100 km, CO2 35g/km, класа ефикасност: А+