40 under 40 – избрани најуспешни бизнис лидери од ЈИЕ

62

Business Elite Awards, во центарот на Амстердам, официјални ги претстави 40-те најуспешни и најамбициозни бизнис лидер под 40 години од 10 земји од Југоисточна Европа.

Доделувањето на статуетките се одвиваше за време на гала вечерата организирана ексклузивно за добитниците на престижните признанија Business Elite’s 40 under 40. Со тоа, како што се наведува, организаторите успеаја да ги поместат границите на бизнис вмрежувањето во регионот и да постават нови параметри во таа категорија.

Домаќин на церемонијата беше популарната Monique van Dusseldorp, а свој говор имаше и регионалниот директор за Југоисточна Европа, Виктор Ѓорѓиески.

“Сите ние имаме мисија. Мојата мисија после завршувањето на студиите беше да ги имплементирам најдобрите капиталистички практики од Западот во мојот регион и да го вложам целосниот мој капацитет и знаење да му помогнам на нашиот бизнис сектор да расте и да фати чекор со поразвиениот свет. Ја креиравме оваа престижна програма со цел на едно место да ги вмрежиме тие кои се под 40 години, ги инспирираат другите и со своите успеси веќе му враќаат назад на општеството. И гледајќи од оваа говорница спрема вас, можам слободно да кажам, успеавме“, рече Ѓорѓиески.

Ексклузивната 40 under 40 награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за млади бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности. Секако, пред секој кој се стекнал со вакво признание претстои блескава кариера и огромни успеси во светот на бизнисот во иднина.

Дополнително, со членството во ексклузивниот Business Elite’s Executive Club, наградените и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери од светот.

Пред одржувањето на Гала вечерата, наградените учествуваа на Самитот во организација на Business Elite Awards, на којшто главни предавачи беа двајца многу успешни бизнисмени од Лондон, Daniel Hulme и Adrian Enache, а свој говор имаше и Melanie ter Meulen, претставник на Канадската влада во Холандија.