50 над 50 – жени за кои годините не се пречка за успех

177

За овие динамични жени стареењето значи стекнување зрелост и храброст. Магазинот Forbes направи листа на 50 жени претприемачки, менаџери, политичарки, активистки… кои покажуваат дека годините не се пречка за успех.

Избрани се 50 од над 10.000 номинирани жени кои се основачки и управуваат со компании, коишто имаат повеќе од 20 милиони долари приходи на годишно ниво.

Меѓу нив, се најдоа овие 10 дами:

Камала Харис – 50 години (потпретседателка на САД)

Џули Веинрајт – 64 години (главна извршна директорка на компанијата за луксузни производи The RealReal)

Ким Енџи – 52 години (генерална менаџерка во Miami Marlins – американски професионален тим во бејзбол)

Ајча Еванс – 52 години (главна извршна директорка на компанијата за автономни возила Zoox)

Ненси Пелоси – 81 година (претседателка на Претставничкиот дом на САД)

Кејтлин Карико – 66 години (биохемичарка и постара потпретседателка на BioNTech)

Мариа Елвира Салазар – 59 години (конгресменка во Флорида)

Медлин Олбрајт – 84 години (дипломатка од САД)

Нандита Бакши – 62 години (главна извршна директорка на BNP Paribas USA)

Мери Бара – 59 години (претседателка и главна извршна директорка на General Motors)

Фото: Facebook