550 жени го тужат Uber за сексуално вознемирување

104

Американската компанија Uber, која има мобилна апликација и транспортна мрежа под истото име, како и мобилна апликација која им овозможува на корисниците да најдат превоз и да плаќаат онлајн, сега се соочува со тужба во САД покрената од 550 жени кои биле наводно сексуално нападнат од возачи кои ја користеле платформата, пренесе CNN.

Поднесокот вклучува наводи дека патнички „биле киднапирани, сексуално вознемирувани, сексуално нападнати, силувани, лажно затворани, следени, малтретирани или на друг начин нападнати од возачите на Uber“.

Случајот беше поднесен во средата во Врховниот суд на округот Сан Франциско.

„Сексуалниот напад е ужасно злосторство и секоја пријава ја сфаќаме сериозно“, рече портпаролот на Uber.

Тој додаде дека нема ништо поважно од безбедноста, па затоа Uber изгради нови безбедносни рамки, воспостави политики фокусирани на жртвите и е потранспарентен за сериозни инциденти.

– Иако не можеме да коментираме за нерешените судски случаи, ќе продолжиме да се фокусираме на безбедноста, која е во центарот на она што го работиме – додаваат од компанијата.

Минатиот месец, Uber го објави својот втор извештај за безбедност во САД, кој покажа дека имало 998 инциденти на сексуален напад, вклучително и 141 пријава за силување, во 2020 година.

Во извештајот, компанијата наведува дека примила вкупно 3.824 пријави за петте најсериозни категории на сексуален напад помеѓу 2019 и 2020 година.

Во првиот безбедносен извештај на компанијата, во кој се детализирани инциденти од 2017 до 2018 година, регистрирани се 5.981 пријава за сексуален напад.

Најсериозните категории на Uber за сексуален напад се движат од „неконсензуално бакнување на несексуален дел од телото“ до „неконсензуална сексуална пенетрација“ или силување.

Во тужбата се наведува дека уште во 2014 година, Uber станал свесен дека неговите возачи сексуално злоупотребуваат и силуваат патнички. Сепак, во поднесокот се тврди дека компанијата дала приоритет на „економскиот раст пред безбедноста на корисниците на услугите“.