65% од Американците би избрале подобар шеф пред повисока плата

23

Според Michele McQuaid, светскиот лидер во позитивна психолошка интервенција, доколку чувствувате дека не сте доволно ценети, доколку не сте доволно инспирирани, доколку се чувствувате осамено и мизерно на вашето работно место – не сте единствени…

Анкетата во која учествувале  над 1.000 Американци покажува изненадувачки резултат од само 35% вработени, кои се задоволни од нивната работа. Останатите 65% сметаат дека, доколку би имале подобар шеф, би биле посреќни. Само 35% сметаат дека покачување на платата би имало ист ефект.

Се чини дека бизнис училиштата навистина знаат да произведат добри менаџери, но би требало во наставата да внесат и одредени вештини со кои истите ќе ги едуцираат идните менаџери како подобро да ги водат и инспирираат нивните вработени. Најголем предизвик со кој се соочуваат повеќето бизнис лидери е формирањето на средина, каде што се интегрирани сите вработени, каде што секој поединец е полн со енергија. Сето тоа претставува менаџерска способност, која мора да се поседува, за поголема ефикасност при извршувањето на работните задачи и поголемо задоволство кај вработените.