Од денеска започнува попуст акцијата Аутлет во Техномаркет за која производите на бела техника од претходните сезони и производите од излог се намалени до 70%. Купувачите уште еднаш ќе имаат шанса да пазарат по ниски цени од познати брендови што се застапени во Техномаркет.
“Фрижидери, шпорети, машини за садови и машини за перење, вградени уреди од познатите брендови Electrolux, Whirlpool, Gorenje, Siemens, Whirlpool, Hotpoint Ariston, Indesit и многу други се дел од многуте производи на оваа акција. Производите од претходните сезони и производите од излог веруваме дека ќе најдат примена во нечиј дом и ќе ја зголемат функционалноста на истиот. Предноста на ова акција е што овие производи се навистина со ниски цени и вреди да се искористи Аутлет промоцијата“, изјави Александар Медарски, менаџер на продажба во Техномаркет.
Пролетната Аутлет акција ќе трае цела седмица, односно додека не се потрошат количините и ќе биде спроведена во продажни места на Техномаркет.