80.000 луѓе чекаат да направат свадба

44

Околу 40.000 двојки во Србија, поради пандемија, чекаат на нивната венчавка, а скоро половина од нив, својата свадба ја планираат уште од минатата година, рекол претставникот на Здружението на индустрија за организирање на настани во Србија, Никола Јанковиќ.

Тој смета дека работите одат во корист на младите и вработените во тој сектор, којшто наскоро би можел да почне со работа.

“Од минатогодишните планирани 25.000 венчавки, околу 5.000 се реализирани со веселби, останатите 20.000 се поместени за оваа година, а со исто толкава годишна побарувачка за оваа година, се проценува дека во Србија ‘на чекање’ се потенцијални од 25.000 до 40.000 венчавки“, рекол Јанковиќ.

Според податоците на ивент индустријата, во Белград би требало да има од 8.500 до 10.000 венчавки.

Сите овие младенци, како што се наведува, се надеваат и бараат локација за својата венчавка и имаат проблем околу одредување на датум, бидејќи не знаат кога ќе може да се случи тоа.

Ивент индустрија е важна и кога е во прашање потрошувачката на храна и пијалаци, бидејќи имаат голема побарувачка, а освен тоа младенците добиваат и одреден износ на пари преку подароците, коишто исто така ги трошат во својата земја.

Фото: Pexels