9,8 милиони експерти работат во областа на ИКТ низ ЕУ

Шведска има најмногу ИТ експерти во Европската Унија

Минатата година 9,8 милиони експерти работеле во областа на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) низ Европската унија, објави Евростат.

Тоа претставува 4,8 отсто од вкупниот број вработени, пренесува Танјуг.

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека трендот на раст на ИКТ професионалците во Европската унија трае последните неколку години, при што бројот на луѓе кои работат на ова поле се зголемил за 1,5 отсто од 2013 година и за 0,2 отсто од 2022 година.

Во земјите од Европската унија, лани најголем удел на ИКТ специјалисти меѓу вработените имало во Шведска 8,7 отсто, Луксембург 8 отсто и Финска 7,6 отсто, додека најмал удел е забележан во Грција 2,4 отсто, Романија 2,6 отсто и Словенија 3,8 отсто.

Уделот на жените кои работат како ИКТ професионалци лани изнесувал 19,4 отсто, што е зголемување од 2,7 отсто во однос на 2013 година и 0,5 отсто во однос на 2022 година.

Информациската и комуникациската технологија (ИКТ) ги вклучува сите технички средства што се користат за ракување со информации и помош во комуникацијата, вклучувајќи компјутерски и мрежен хардвер и нивниот софтвер.