9D Feelyvision – иднината на телевизијата што ќе ги спои сите сетила

41

watching_breaking_badИстражувачи од универзитетот во Сасекс, Англија работат на развивање на нови начини на генерирање на емоции преку сетилата за допир, мирис и вкус, што би користело за таканареченото 9D ТВ искуство, пишува Daily Mail.

Според водачот на тимот, доктор Мариана Обрист, станува збор за комбинирање на сите наши сетила (не само оние за вид и слух како досега) со единствена цел да се создаде едно целокупно искуство кога ќе се гледа телевизија. Тоа значи дека ќе можеме да ги почувствуваме мирисот, вкусот, допирот на она што го гледаме на телевизорот.

Направата која што би го овозможила сето ова е направена во Брајтон, Англија, од страна на компанијата за електроника Ultrahaptics, а работи на тој начин што користи ултрасонични звучници за да произведе проток на воздух што се пренесува на кожа.
_82604850_ultrahaptics2Меѓу другото, истражувачкиот тим дојде до сознанија дека кратки, брзи и остри протоци на воздух нанесени на показалецот, палецот и средниот прст предизвикуваат возбуда, додека бавни и умерени протоци на воздух на надворешниот дел на дланката кај малиот прст, предизвикуваат тажни чувства.

Тоа покажува колку надразнувањата со воздух на дланката можат да бидат интегрирани во други искуства, како на пример гледање на филм. Резултат на ова би била таканаречената 9D Feelyvision, односно телевизија што комбинира вид, звук, допир, мирис и вкус, со цел да создаде едно неверојатно доживување кај корисникот.