Во селото Дедингтон во Англија се наоѓа една куќа што потсетува на колибите од хобитите во истоимениот филм, пишува Goodshomedesign.
Покрај невообичаениот изглед, оваа куќа има и интересна цена – таа чини само 180 евра. Творец на градбата е Мајкл Бак, земјоделец, којшто за да ја изгради во својот двор користел само природни материјали.
Во куќата нема струја, гас ниту вода, а нејзината конструкција траела осум месеци. За да ги изгради ѕидовите, Мајкл користел мешавина од слама, глина и песок. Градбата зафаќа површина од 30 метри квадратни, а за прозорци Бак користел шофершајбни од стари камиони.
Куќата била прилично студена, па за изолација тој употребил овча волна што ја поставил на кровот. Греењето е со печка на дрвја, а за светло се користат свеќи и фенери.