Seabin – канта што го собира ѓубрето од океанот

57

floating-rubbish-bin-ocean-cleaning-seabin-andrew-turton-pete-ceglinski-australia-gif-10Двајца Aвстралијанци Ендру Турон и Пит Сеглински ја креираа Seabin, пловечка канта што се поставува во вода и ја чисти нечистотија од океанот.

Кантата може да собира пластични шишиња, хартија, масло, гориво и детергент коишто пловат по водените површини и ги загадуваат.

Seabin е дизајнирана за да може да се постави во вода до пристаништа, приватни понтони, вештачки водни површини, езера, а дури може да се прицврсти за јахти и мотори на вода.

“Една од нашите цели е да создадеме свет во којшто нема да има потреба од Seabin (морска канта)”, велат овие двајца ентузијасти.

Кантите ги прават сами во нивната работилница, а целта им е да започнат со продажба кон средината на 2016. Сепак, за проектот да успее, на Ендру и Пит им се потребни уште средства што можат да се донираат преку платформата Indiegogo.
floating-rubbish-bin-ocean-cleaning-seabin-andrew-turton-pete-ceglinski-australia-5