Хотелот New York Palace во срцето на Менхетен е синоним за луксуз во метрополата, но она што го прави навистина посебен е апартманот Dom Pérignon, зад чиј дизајн стои компанијата BBG-BBGM.
Ноќевање во овој ултра луксузен апартман чини 25.000 долари, а во цената е вклучено неограничено уживање во истоимениот шампањ Dom Pérignon.
Се простира на површина од 5.000 метри квадратни и зафаќа три ката. Со оглед на големината, апартманот повеќе наликува на вила каде можат да престојуваат поголем број на луѓе.