Фото: Pexels
Многумина мислат дека јавното говорење е талент, умешност, вештина што само одредени луѓе ја имаат. Токму поради тоа се откажуваат состаноци и се отфрлаат прилики да се каже мислењето пред сите кое може да промени многу.
Toa што треба да знаете е дека јавното говорништво не е ништо друго освен храброст да се зборува од срце за она во што навистина верувате.
А за сето тоа да биде уште полесно, постојат и седум мали тајни што секој добар говорник ги знае:
Само 7% од луѓето обрнуваат внимание на тоа што го зборувате.
Тонот на гласот го забележуваат 38% од присутните/гледачите. Тука спаѓаат промените во гласот, ентузијазмот, љубовта и страста со која се зборува.
На говорот на телото внимаваат 55% од луѓето. Забележуваат дали гледате во очи, над главата и дали сте поврзани со личностите на коишто им зборувате.
Пораката мора да биде јасна, убедителна и насочена. Треба точно да знаете што сакате да им порачате на луѓето.
Ефективната комуникација има три фази:
Настап – зборувате, фокусирани сте на говорот,
Презентација – се обраќате некому,
Конверзација – зборувате со некој. Најдобар начин да се поврзете со публиката е да разговарате со неа.
Постојат четири начини на комуникација:
Визуелен (Способност да пренесете енергија)
Аудитивен (Способност сè да претворите во говор)
Дигитален (Способност за сфаќање на аналитички и статитстички информации)
Кинестетички (“движењето” на вашиот глас)
Потребна ви е автентична страст. Споделување на идејата во која верувате, она што ве мотивира, носи во животот…
Еве некои од најдобрите примери како треба да се држи говор во јавност.