Фотелјата Skull, односно Череп е дело на францускиот уметник Харолд Сонгуард, познат како Харо. Таа е идеална за оние кои сакаат смели работи и апсолутна доминација во просторот.
Основниот модел е направен од челик и е обложен со сјајна црна боја, но за оние што сакаат малку повеќе ова парче мебел е достапно и во 24-каратна златна верзија. Перничињата и тапацирот се изработени од специјално црно кадифе.
Дизајнерот си поиграл малку со фотелјата ставајќи и мал цветен детал на челото од черепот, истакнувајќи го на интересен начин нејзиниот мрачен дух.
Уникатното парче мебел е направено во Париз, тежи 48 килограми, а неговата цена изнесува 500.000 долари.