Турција во 2015 година извезла серии во вредност од 250 милиони долари. Во 2014 година, овој сектор од извоз заработи 200 милиони долари, пишува Хуријет.
Турските продукции се прикажуваат во преку 70 земји, а годишно се произведуваат околу 70 нови драми. Од нив половина се успешни на домашниот пазар и продолжуваат да се емитуваат, а 10% до 15% се извезуваат во странство.
Според официјалните податоци, турските серии порано се продаваа од 35 до 50 долари по епизода. Денес цените се движат од 500 до 200.000 долари по епизода.
Турција очекува извозот на серии во 2016 година да ја надмине сумата од 300 милиони долари и да се прошири на нови пазари како што се Јужна Америка, Индонезија, Малезија, Индија, Кина и скандинавските земји.