Слатки Rolex часовници и Ray – Ban очила што можат да се јадат

97

24CANDY2-articleLarge

Мајан Зилберман, дизајнер и уметник со седиште во Бруклин, Њујорк во својата слатка работилница Sweet Saba изработува уникатни задоволства, како касети, Rolex часовници, Ray – Ban очила за сонце, кармини и сите имаат одличен вкус.

Таа ја научила техниката на креирање на слатките преку онлајн курсеви на YouTube, а како дизајнер по професија воопшто не размислувала за кулинарство. Интересно е тоа што овие парчиња имаат малку невообичаени состојки и вкусови, како на пример куркума, маслиново масло и сланина, коишто Зилберман ги прави заедно со технолог за храна.

Меѓу најбараните се Rolex часовниците коишто се направени со 24-каратно злато што се јаде, а нивните вкусови се менуваат во зависност од празниците: виски за Божиќ, шампањ за Нова година и цимет за Денот на вљубените. Таа користи калапи од силикон за да создаде форми, го прави посебниот карамел, додава специјални состојки, како на пример хималајска сол и рачно ги бои слатките.

Нејзините производи се толку популарни што организаторите на Златните глобуси, коишто се одржаа месецов, побараа да им испорача слатки во форма на кармин како дел од менито за време на шоуто.

download (3)download (2)downloadIMG_9151IMG_9548+2download (1)IMG_107524CANDY1-master675