Грешки во дискусијата што не смеете да ги правите

47

mobilen

Фото: Pixabay

Добар соговорник не смее да си дозволи да делува непристојно, незаинтересирано или наметливо. Затоа еве еден мал потсетник на тоа што не треба да правите додека трае разговорот.

Проверка на телефонот

Технологијата е неизбежен дел од нашиот живот, но сепак треба да внимаваме на некои работи. Без разлика колку е важна пораката или мејлот, проверување на мобилниот телефон додека разговарате со соговорникот се смета за прилично навредлив гест.

Недоволно познавање на соговорникот

Треба да знаете со кого разговарате. Не треба да се водите од помислата дека може пред секого да кажете што ќе ви падне на памет. За успешна коверзација потребно е да ја познавате вашата “публика”. Земете во предвид што соговорникот сака да чуе и поведете ја дискусијата во вистинската насока.

Непристојност

Никогаш не дозволувајте да звучите непристојно. Секој од нас во одреден момент посакал да изусти по некоја пцовка, кога работите ќе тргнат наопаку. Голема грешка. Колку и да сте нервозни воздржете се пред соговорникот. Не би сакале да оставите впечаток на невоспитана личност.

Поглед настрана

Внимавајте каде го насочувате погледот додека разговарате со соговорникот. Не погледнувајте наоколу како да барате “подобра опција”. Можеби понекогаш е тешко да останете фокусирани за време на долгите разговори, но потрудете се соговорникот да не се чувствува игнориран. Сигурно и вие не би сакале да ви се случи тоа.

Монолог

Дајте им збор и на другите. Не дозволувајте дијалогот да премине во монолог. Дозволете и соговорникот да го каже своето мислење, дури и ако во моментот тоа ви изгледа сосема небитно.

Прекинување на соговорникот

Ова можеби е најголемата грешка при водење на дискусија. На секој од нас му се случило да прекине некој додека зборува за време на разговор. Колку и да не ве интересира тоа што соговорникот го кажува, бидете пристојни. Слушајте. Не го прекинувајте соговорникот, оставете го да се искаже, а вие слушајте. Можеби сепак на крајот ќе чуете нешто што ќе го привлече вашето внимание. Затоа не избрзувајте.