Уникатниот мотор Gold Digger што на себе ги има најголемите тркала досега, со пречник од 76 сантиметри е дело на креаторот Лоренс Милер, а направен е специјално за саемот што се одржува во Дубаи.
Луксузното возило на две тркала има 20R HD мотор којшто развива брзина и до 200 километри на час, пишува Luxurylaunches. Неговата рамка е изработена од еден дел, а зад тоа стои компанијата Chassis Design. Моторот е со златна и црна боја што го прави дополнително ексклузивен.
Тркалата, деловите за кочење и командите за раце и нозе се дело на компанијата Performance Machine.