Audemars Piguet Diamond Fury е луксузен часовник што на себе содржи 4.653 совршено избрусени дијаманти поставени на каивчето и куќиштето, како и дополнителни 206 дијаманти на бројчаникот.
За да се изработи овој часовник биле потребни околу 1.500 часа дизајнирање, додека инженерингот и конструирањето траеле повеќе од 62 дена. Со пречник од 40 милиметри Audemars Piguet има Calibre 2601 кварцен механизам, а неговите стрелки се направени од црно злато, пишува Ablogtowatch.
Часовникот е базиран на минатогодишниот дизајн на Diamond Punk и многу наликува на влекач декориран со скапоцени камења. Самото куќиште е направено од 18-каратно бело злато, што го прави дополнително елегантен и совршен за свечени прилики.
Го има во две верзии, првата чини 637.800 долари, а другата 568.300 и е комбинација од дијаманти и оникс.