Sandoz ќе произведува биолошки лекови во Словенија

56

biofarmaceutica

Фабриката за лекови Лек, во сопственост на швајцарската фармацевтска група Novartis Sandoz, во петокот во Менгеш крај Љубљана отвори лабораториски центар за развој и контрола на биолошки лекови. Во лабораторијата се инвестирани 10 милиони евра, а ќе се вработат 100 луѓе.

Во новиот објект ќе се развиваат биофармацевтски лекови и нивните компоненти и ќе се извршува контрола на квалитет, пишува Акта.

Словенечката компанија Лек, која во мнозински дел беше во сопственост на државни фондови, во 2002 година ѝ беше продадена на швајцарската фармацевтска компанија Novartis Sandoz за 880 милиони евра.