
Како што се приближуваат празниците, сè повеќе се зборува за подароци и новогодишни пакетчиња, но и за дополнителната, 13-та плата.
Имено, Словенија одлучи да воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени, кој не смее да биде помал од 740,94 евра.
Словенија не е првата земја во регионот што има божиќен бонус, но оној во Хрватска зависи од колективните договори, одлуките на работодавачите и внатрешните прописи.
Словенија воведе задолжителен зимски регрес
Со воведувањето на таканаречениот надомест за зимски одмор, божиќниот бонус стана обврска за сите работодавачи во Словенија, а износот е поврзан со минималната бруто плата, која во 2026 година изнесува 1.481,88 евра, а зимскиот регрес е утврден на половина од тој износ.
Работниците кои биле вработени кај истиот работодавач со полно работно време во текот на целата година имаат право на најмалку 740,94 евра, додека на вработените кои работеле пократок или скратено работно време им се исплаќа пропорционален дел.
Работодавачите се должни да го исплатат надоместокот за одмор во готово најдоцна до 18 декември.











