Qatar Airways планира да го воведе најдолгиот директен лет

15

Qatar-Airways-Airbus-A380Qatar Airways е во подготовки да го воведе најдолгиот директен лет во светот, којшто ќе трае 18 часа и 34 минути, пишува The Guardian. Должината на летот ќе изнесува 14.500 километри, а истиот за два часа ќе го надмине досегашниот најдолг лет од Далас до Сиднеј на Qantas.

Во февруари  авиокомпанијата Emirates воведува лет што ќе трае 17 часа и 35 минути, со должина од 13.821, што ќе биде веднаш зад летот на Qatar Airways.

Катарската компанија го најави овој лет минатата недела во Бахреин, кога извршниот директор Акбар ал Бакер изјави за Bloomberg Business дека се подготвуваат да воведат директна линија од Окланд, Нов Зеланд до Сантијаго, Чиле.