Со висина од 1.000 метри, Jeddah Tower во Џеда, Саудиска Арабија ќе стане највисоката зграда во светот, откако ќе биде комплетирана во 2019 година. Облакодерот ќе ја има и највисоката палуба за набљудување.
Градбата е дело на SWA Architects, истата компанија којашто стои зад моментално највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа во Дубаи, пишува Businessinsider.
Планирано е да содржи неколку ресторани, 200 хотелски соби, 439 апартмани, парк и трговски центар, односно да биде град во зграда. Кулата ќе има 169 катови, а палубата за набљудување ќе се наоѓа на 157-от. Освен тоа ќе вклучува и 65 лифтови, како и 2.025 паркинг места.
Целиот проект чини 2,2 милијарди долари, а го финансираат Jeddah Economic Company и Alinma Investment од Саудиска Арабија.