Брендот Harry Winston го претстави својот најнов автоматски часовник Harry Winston Avenue Dual Time, којшто е ремек дело во арт деко стил, пишува Luxe.net
Куќиштето е направено од галиум, односно легура од алуминиум и циркон, којашто е лесна, отпорна на корозија и не предизвикува алергиски реакции. Бројчаникот на овој модел има три тесни прозорчиња распоредени на малку чуден начин.
На долниот дел на часовникот се наоѓа и архитектонска решетка којашто потсетува на старомодните радијатори и овозможува придвижување на показателот за ден и ноќ.
Луксузниот часовник има дијаметар од 35,80 милиметри и дијагонала од 53,80 милиметри. Го движи HW3502 калибар, каивчето е изработено од алигаторска кожа, а на круната на часовникот се гледа логото HW.
Цената на моделот од галиум е 22.200 долари, додека верзијата од розово злато е 38.300 долари.