УАКС организира панел дискусија на тема Дваесет години македонски пазар на хартии од вредност: регулатива и предизвици

53

UACS_10_Y

Универзитет Американ Колеџ Скопје организира Панел дискусија на тема Дваесет години македонски пазар на хартии од вредност: регулатива и предизвици. Дебатата ќе се случува на 18 февруари 2016 година, со почеток во 11:00 часот, во Амфитеатар 1 на УАКС.

Целта на панел дискусијата е да даде оценка на развојот, состојбата и иднината на пазарот на капитал на РМ.

Модератор на настанот ќе биде д-р Јадранка Мршиќ, вонреден професор на УАКС. Панелисти ќе бидат Мате Стојановски, раководител на стручна служба во кабинетот на претседателот на Комисија за хартии од вредност на РМ, Иван Штериев, извршен директор на Македонска берза АД Скопје, Кирил Митровски, директор на Инвестброкер АД Скопје, Џон Јоновски, управител на Фаланкс Капитал.