Редок автомобил од марката Bentley произведен во далечната 1931 година се продава на аукција заедно со два ексклузивни Louis Vuitton куфера, пишува Luxpresso.
Осум литарскиот автомобил е еден од 100-те модели коишто беа произведени таа година. Тој е моментално дел од понудата на лондонската компанија William Medcalf којашто продава стари Bentley автомобили.
Спортскиот автомобил со две седишта е во темно зелена боја што најчесто се гледала на британските трки. Ентериерот е исто така во таа нијанса со цел да одговара на надворешноста. Автомобилот има мотор со шест цилиндри, којшто произведува до 230 коњски сили и може да достигне брзина до 100 километри на час.
Цената на овој редок Bentley заедно со двата Louis Vuitton куфери е 1,16 милиони долари. По направените механички поправки, автомобилот е во исправна состојба и може да се вози, додека сè друго е онака како што за прв пат било направено во 1931 година.