Forbes: Нафтата би била бесплатна за 40 до 50 години

198

nafta bure

Американскиот аналитичар на Forbes, Џон Маулдин, смета дека за 40 до 50 години нафтата би била бесплатна бидејќи светот ќе има многу алтернативни на фосилните горива.

“Доколку гледаме на долг рок, за 40 до 50 години, нафтата нема да чини речиси ништо, бидејќи ќе има толку многу алтернативи на фосилните горива“, вели Маулдин.

Според него, природниот гас, сончевата енергија и енергијата од ветрот ќе бидат многу поважни за светската економија и ќе имаат многу поголем удел во глобалното производство.

Проценките покажуваат дека во следните 10 години соларната енергија ќе доживее најголема експанзија.