Четири типови на личности што ги има во секоја канцеларија

116

vraboteni

Фото: Pixabay

Авторката на книгата “Стилови на личности на работното место”, Кејт Вард истакнува дека во секоја канцеларија постојат одредени модели на личности коишто се специфични, а секој работодавач мора да научи како да се справува со нив. Доколку менаџерите успеат да ги идентификуваат стиловите на однесување на вработените, подобро ќе знаат што да очекуваат од нив и како да комуницираат со нив.

Еве какви типови на личности има во скоро секоја канцеларија:

1. Директни

Директните личности обично имаат преполни работни маси со хартии, сортирани на купчиња. Сакаат да учат независно, индивидуално и се ориентирани кон акција, па во групи може да изгледаат нетрпеливо или како да им е досадно.

Директните личности имаат тенденција да користат “мора да” или “треба да” кога зборуваат. Тие зборуваат гласно и брзо и ги наведуваат своите ставови како факти. Исто така, овие луѓе се лоши слушачи, па ако треба да им дадете некакви инструкции, бидете директни и прецизни. Овие луѓе постојано се чувствуваат како да се во брзање и имаат тенденција да донесат брзи одлуки.

2. Ведри

Овој тип на работници обично имаат неуредна работна маса. Сакаат да учат во групи, да имаат ментор, а во состаноците уживаат. Склони се кон претерување и многу сакаат да зборуваат. На почетокот на проектот се многу добри, но неопходно е малку да се поттурнат за да ја завршат работата до крај.

3. Внимателни

На внимателните, работната маса не им се гледа од толку многу работи што имаат на неа, но тие точно знаат каде што се наоѓа. Сакаат да учат во групи, особено ги сакаат тим билдинг активностите. Тие зборуваат бавно и нежно и често се подготвени да понудат свое мислење. Слушаат внимателно пред да кажат нешто. Пред да започнат нов проект, ќе се потрудат да дознаат се што е неопходно во врска со него.

4. Систематски

Овој тип на личност ќе го препознаете по средената работна маса. Преферираат самостојна работа, а поставените рокови им се дополнителен предизвик во работата. Се изразуваат прецизно и повеќе сакаат да споделуваат факти и податоци, отколку сопствено мислење. Не сакаат многу непотребни муабети, туку фокусирани дискусии.