Прамен од косата од Џон Ленон продаден за 35.000 долари

40

imageАмериканската аукциска куќа Heritage Auctions продаде речиси 50 години стар прамен од косата на Џон Ленон за сума од 35.000 долари, пишува Luxuo.

Освен косата на познатиот член на Битлси, беа продадени и потпишана фотографија од Ленон за 2.125 долари, потпишана фотографија од целиот бенд за 42.500 долари и ретка копија од албумот Yesterday and Today за 125.000 долари.

Праменот коса беше исечен во 1966 година пред Ленон да почне со снимање на филмот How i won the war, траги – комедија во режија на Ричард Лестер, за измислена британска војска во Втората светска војна. Тогаш Ленон за прв пат јавно донираше еден пар од своите кружни очила, познатите Ленонки што ги носеше до крајот на животот.

Германскиот фризер Клаус Барук, кој го шишаше пејачот, го задржа кај себе праменот коса од 10 сантиметри, за којшто директорот на Heritage Гери Шрум изјави дека бил најголемиот прамен коса што досега бил понуден на аукција.